Повреденo 13-годишнo девојче кое управувало мопед

Полиција / Фото: МВР

Малолетничка од Куманово, која управувала мопед е повредена по судир со автомобил. Несреќата се случила вчера во 16.35 часот, на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„Перо Илиевски“, помеѓу мопед „априлиа“ и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово.

Покрај малолетничка, која го управувала мопедот со неа се возела уште едно 13-годишно девојче, соопштува МВР.

По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот