Повредените војници се надвор од животна опасност, моментално траат прегледите и снимањата

Шестнаесетмината припадници на Армијата и возачот на автобусот се уште не се сместени на одделенијата во штипската клиничка болница, бидејќи во тек се прегледите и снимањата на повредените од страна на хирузи и ортопеди.

Портпаролот на Клиничката болница Марина Шуманска вели дека според лекарите ниту еден од нив не во животозагрозувчака состојба, а повредите се од типот на скршеници и набиеници.

-Моментално се на иследување, снимања на абдомени, глави и граден кош за да се одреди точната дијангостика. Според мислењето на лекарите се со телесни повреди и се надвор од животна опасност, вели Шуманска.

Судир меѓу автобус и комби: Прекинат сообраќајот на патот Радовиш-Штип

Сообраќајната несреќа во која што се повредени 17 лица од кои 16 се припадници на АРМ, а еден е возачот на автобусот, се случи утринава пред седум часот на патот Штип-Радовиш кај местото викано Осми километар.

Несреќата се случи при судир меѓу автобус и комбе, а надлежните треба да соопштат кои се причините откако ќе го завршат увидот на местото на настанот.

Ова е втора ваква несреќа на патот Штип-Радовиш во која учествувале и се повредени припадници на АРМ.

Пред неколку години, исто така, автобус со кои се превезуваа војници на АРМ учествуваше во сообраќајна несреќа кај местото викано Дваесет километри.

Тогаш војниците се враќаа од своите работни места од касарните од Скопје и Штип кон Радовиш и Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот