Повредениот во сообраќајката во Велес има полесни повреди

Фото: МИА

Сообраќајната незгода се случи во 14.40 часот кај Трговскиот центар меѓу автомобил и мопед при што повреден е возачот на мопедот.

 Повредениот во сообраќајката што попладнево се случи во Велес се здобил со лесни повреди. Укажана му е лекарска помош во Општата болница во Велес.

Како што информираа од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Велес, станува збор за 50-годишен маж кој се здобил со исеченица на фронталната коска над десното око.

Сообраќајната незгода се случи во 14.40 часот кај Трговскиот центар меѓу автомобил и мопед при што повреден е возачот на мопедот.

– Полицијата ги утврдила причините за сообраќајката незгода, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот