Повредени шест лица со потекло од Македонија во тешка сообраќајка на автопатот Суботица- Нови Сад

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Б., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија./Фото: МИА

Македонски државјани се повредени на автопатот Суботица – Нови Сад, во близина на клучката кај Бачка Топола во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а дури девет лица се повредени. Несреќата се случила вчера околу 12,45 часот, објавуваат српски медиуми а пренесува 24 вести.

Несреќата се случила кога возачот на патнички автомобил БМВ со британски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и густ сообраќај и удрил во задниот дел на „опел зафира“ со белгиски регистарски ознаки, кој бил запрен на лентата за застанување поради дефект, јавува РТВ.

Шест учесници во несреќата, родители со четири деца, државјани на Белгија со потекло од Македонија, биле пренесени во болниците во Врбас и Суботица. Децата и нивниот татко се полесно повредени, додека мајката е потешко повредена, се здобила со фрактура на карлицата.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот