Повредени се две лица: Со „ауди“ удрил во мотоцикл, па избегал

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати”, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди”, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот