Повредени полицајци и граѓани во немилиот настан во Подгорица

Полицијата претходно издала наредби на насобраните да се разотидат, по што граѓаните формирале „жив ѕид” околу муралот.

Неколку лица се уапсени, а тројца полицајци и повеќе граѓани се повредени во синоѓешните немири во подгоричката населба Златица, јавуваат подгоричките медиуми.

Во населбата Златица, во Подгорица, група на жители на градот се обиделе насилно да ги спречат комуналните служни да го варосаат ѕидот кој дотогаш бил во боите на српското знаме. За смирување на нередите употребила бибер спреј и солзавец.

Полицијата претходно издала наредби на насобраните да се разотидат, по што граѓаните формирале „жив ѕид” околу муралот.

Кога комуналните полицајци, опкружени со службеници од Управата на полицијата, по инцидентот почнале да ја санираат јавната површина, се случија нови немири во кои граѓаните започнаа да користат пиротехника и да ја гаѓаат полицијата со камења, кои одговорија со солзавец.

Граѓаните почнале да си заминуваат по повторениот полициски апел, а муралот бил бојадисан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот