Повредени пешак и велосипедист во Тетово

Фото: МИА / илустрација

Две момчиња на возраст од 18 години се повредени откако во нив удрил 22 годишник од Тетово кој возел „форд ескорт“, вчера околу 14 часот на улицата „Браќа Миладинови. Едното од момчињата било на велосипед, а другото одело пешки. По приемот за лекарска помош во тетовската Клиничка болница биле задржани на лекување, соопшти СВР Тетово.

Оттаму информираат дека поради зголемениот број возила деновиве е засилено полициското присуство и сообраќајно-контролните активности на подрачјето и посебно во Тетово и Гостивар.

– Целта е непречено и безбедно да се одвива сообраќајот на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта. Се апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци, пред се, оние кои ја регулираат дозволената брзина, првенство на минување или движењето на пешаците и нивно преминување на улиците.На возачите, исто така, им се укажува да ги паркираат возилата само и единствено на наменски определените места, а не и на тротоари, во зеленило или пред крстосници, за да не го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот, особено во централните градски подрачја – изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово им советува на возачите целосно да се придржуваат на наредбите на полициските службеници задолжени за регулирање на сообраќајот во таканаречните „шпицеви”, за да се избегнат мешаници на крстосниците и на најфрекфрентните улици. Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово законски ќе го санкционираат секој прекршок во функција на максимална сообраќајна безбедност на сите учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот