Повредени две лица во сообраќајна несреќа кај Богданци

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во близина на Богданци.

„Вчера во 19.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(62) од Богданци и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(36) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., а возачот З.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот