Повредени двајца вработени во ски центар Маврово

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Две лица вработени во Ски ценатр Маврово се задобие со потешки повреди по пад кавдрицикл. Од првичните сознанија, тие се движеле по двосед патеката и од непознати причини возилото се првртело.

Според СВР Тетово, вчера утрото околу 9 часот во било пријавено дека во Маврово, поточно на двосед стазата во ски-центарот Заре Лазарески, О.Ц.(54) од Скопје, управувајќи четирицикл, сопственост на ски-центарот Заре Лазарески, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата, тој и сопатникот М.Д.(45) од Битола, двајцата вработени во ски-ценарот, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во медицински установи во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот