Повредена жена во тетовско Теарце

Пожарникари / Фото: Архива

Излегувајќи набрзина од семејната куќа во тетовско Теарце поради пожар, 82-годишна жена паднала и ја повредила ногата. Пожарот се случил рано утринава околу 5 часот.

– Во пожарот во куќата во Теарце од огнот има голема материјална штета. Сметаме дека со интервенцијата спречивме да се прошири пожарот на куќа залепена до објектот каде имаше пожар. Повредена е мајката на сопственикот на куќата, која беше однесена со Итна помош во Клиничката болница – изјави Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица.

Неколку часа претходно тетовската пожарна интервенирала на пожар во фабрички погон за производство на мебел во селото Непроштено.

– Огнот започнавме да го гасиме околу 19.20 часот беше локализиран и изгаснат, за среќа без повредени – рече Алити.

Во пожарот во Непроштено интервенирале седум пожарникари со три возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот