Повредена жена во сообраќајка кај Тетово

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Во сообраќајна несреќа на патот Тетово-Стримница пред Фалише тешко е повредена 39-годишна жена. Сударот на две возила се случил околу 11 часот.

– Во непосредна близина на тетовско Фалише, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки „опел антара” управувано од 57-годишниот Д.Д. од Тетово и „опел корса” што го управувала 39-годишната Д.И. од Фалише. Во несреќата, жената возач на „корса” добила тешки повреди, а Д.Д. со телесни повреди. И двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, инфомира СВР Тетово.

Извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот