Повредена е девојка во сообраќајка на патот Крива Паланка-Деве Баир

Фото: Илустрација

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Дваесет и тригодишна девојка од Крива Паланка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16 часот на патот Крива Паланка – Деве Баир, во близина на место викано „Бегови бавчи“.

Во несреќата, информираат од полицијата, учествувале „пежо 407“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(27) од Крива Паланка и „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од Крива Паланка.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот