Повреден возач откако со возилото излетал од автопатот Скопје-Тетово

Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладневво откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово.

– Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „Пежо 207″ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и излетал од автопатот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дваесет и седумгодишникот бил сам во возилото. Бил пренесен во тетовската болница каде му се констатирани полесни телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот