Повреден возач и совозач во скопски Чаир

Фото: МИА

Возач и совозач се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 18.30 часот на крстосница од улиците „Благоја Паровиќ“ и „Ѓорѓи Поп Христов“ во скопската населба Чаир.

Од полицијата велат дека автомобил „пежо“, со француски национални ознаки се судрил со „шкода фелиција“. По сударот возачот на „пежото“ избегал од местото на сообраќајката.

Во незгодата тешки повреди здобил возачот на „шкодата“ Б.Б., додека полесни повреди здобил неговиот совозач, 23-годишниот М.Б.(23) од Скопје. Двајцата повредени биле пренесени во градската општа болница „8 Септември“ каде им била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот