Повреден велосипедист во Охрид

фото Архива

Вчера на магистралниот пат А2, во близина на црквата „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „рено“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(65) од Охрид удрило во велосипед, управуван од Д.Ш.(69) од Охрид, велат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Болницата „Св.Еразмо“ Охрид, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Видео на денот