Повреден велосипедист на планината Баба, интервенираше тим на ДЗС

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера по пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, нивниот тим веднаш со помош на теренско возило се упатил кон местото викано „Антени”, а на повреденото лице му била пружена медицинска помош.

Повредениот е транспортиран до Здравствениот дом во Битола на понатамошно лекување.

Како што соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување, во акцијата за спасување се вклучиле Министерството за внатрешни работи, Брзата помош од Битола и Дирекцијата за заштита и спасување со Тим за спасување од планина од ПОЗС- Битола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот