Повреден тракторист кај Валандово

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Педесет и петгодишен тракторист од валандовското село Давидово е тешко повреден кога во него удрил автомобил „мерцедес“, управуван од Д. Ш. (27) од селото Миравци.

Несреќата се случила вчера на регионалниот пат на мостот на реката Вардар, во близина на валандовското село Удово.

Во незгодата С.Р. здобил тешки повреди и бил пренесен во општата болница во Гевгелија каде му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата увид бил извршен од страна на увидна екипа од полициската станица од Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот