Повреден работник при пад од скеле на автопатот Кичево-Охрид

Вчера претпладне при изведување на градежни работи на новиот автопат Кичево –Охрид, се случи несреќа, при што 51-годишниот работник А.И. паднал од скеле од височина од три метри. Работникот потоа е пренесен во кичевска Општа болница каде му била укажана прва помош.

-При падот 51 годишниот  А.И. од  Република Турција се здобил со телесни повреди констатирани при прегледот во кичевската Општа болница-информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот