Повреден полицаец во сообраќајка кај Лагадин

Полициски службеник е повреден во сообраќајка што се случила синоќа околу 19.55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид.

Од МВР информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.

– Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо” за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, појаснуваат во соопштението денеска од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот