Повреден пешак во Гостивар

Во доцните вечерни часови, вчера во Гостивар бил удрен повозрасен пешак, кој заради тешките телесни повреди бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од СВР Гостивар инфомираат дека незгодата се случила вчера во 23 часот на булеварот „Гоце Делчев“, кога 49-годишен гостиварчанец Г.Р. управувајќи со возило марка „цитроен“ удрил во 66-годишен пешак, З.А., од село Трново.

Поради сериозноста на повреди пешакот итно бил пренесен на скопските клиники.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот