Повреден пешак во центарот на Штип: Џип удрил во 42-годишен маж

Во Штип денеска повреден е 42-годишен пешак, кој ја преминувал улицата на мостотот кај „Стопанска банка”. Во него удрил џип марка „сузуки”, управуван од 60-годишен возач.

Пешакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, каде му се констатирани телесни повреди.

– Несреќата се случила утринава во 9:30 часот, изјави портпаролот на СВР-Штип – Гордана Панајотова.

Анализите на СВР Штип покажуваат дека ова е четврта несреќа годинава во централното градско подрачје, во која е повреден пешак.

Панајтова информира дека во текот на вчерашниот ден од страна на СВР Штип е спроведена и контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници при што од контролирани 86 автобуси и други возила, 54 се упатени на технички преглед, едно е исклучено од сообраќај, а санкционирани се и други 15 возила за останати прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот