Повреден мотоциклист во Пирава

Фото: МИА

Вчера во 15 часот во полициската станица во Валандово било пријавено дека на улицата „Цветан Димов” во село Пирава, валандовско, Б.Р.(18) од истото село, управувајки мотоцикл изгубил контрола и удрил во столб.

Во несреќата тој се здобил со тешки повреди кои биле констатирани од лекар во медицински центар во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот