Повреден 74-годишник при пожар во куќа по експлозија на решо на плин

Увид во куќата извршила екипа од СВР Тетово. 

Седумдесет и четиригодишен жител на Тетово е повреден откако се обидел да го изгаси пожарот дома предизвикан по експлозија на решо на плин за кафе. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат.

– Вчера во 9.45 часот во СВР Тетово пријавено е дека при експлозија на плинско шише, избувнал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на улицата „146″ во Тетово. М.Х., обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се задобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово, инфомираат денес од СВР Тетово.

Увид во куќата извршила екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот