Повреден 20-годишен пешак во Центар

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Млад пешак со тешки телесни повреди заврши во болница откако во него удрил автомобил со кој управувал 27-годишен скопјанец.

Според пријавеното, вчера во 20.30 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од булеварот „ВМРО“ и улицата „Максим Горки“ патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(27) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(20) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот