Повредата сепак е посилна од Маркез, пол позицијата на Квартараро

epa08565509 Spanish MotoGP rider Marc Marquez of Repsol Honda team attends a free training session at Circuito de Jerez-Angel Nieto circuit, in Jerez, southern Spain, 25 July 2020. The Red Bull Andalusia GP race will be held on 26 July behind closed doors due to COVID-19 pandemic. EPA-EFE/ROMAN RIOS

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Андалузија во втората трка од Мото ГП шампионатот на која сепак нема да вози Марк Маркез.

Актуелниот шампион во Мото ГП класата, Марк Маркез, се откажа од утрешната трка на патеката Херез. Шпанецот на првата трка која исто така се возеше во Херез падна и ја скрши надлактичната коска, а во вторникот му беше извршена операција. Маркез се појави на квалификациите, успеа да го помине првиот круг, а потоа поради големи болки се откажа, а во исто време се откажа и од утрешната трка.
Маркез се очекува да се врати на трката во Чешка која ќе се вози за две недели.

На утрешната трка од пол позицијата ќе стартува Фабио Квартараро кој минатиот викенд дојде до првата победа во Мото ГП класата. Тој беше најдобар во квалификациите и до втората пол позиција едноподруго дојде со време со 1:37.007 минути. Веднаш до него ќе биде возачот на фабричката Јамаха, Маверик Вињалес, додека трет е Франческо Бањаја на Прамак Дукати.

Трката за ГН на Андалузија во Мото ГП класата ќе се вози утре, а стартот е закажан за 14. часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот