Повредата е минато: Не е Роки, тоа е нашиот „лав“ Алиоски! (ВИДЕО)

Фото: ФФМ

Езџан Алиоски објави едно видео на „Твитер“, заврши успешно опоравувањето од повредата на менискусот и вели дека се чувствува одлично што повторно им се враќа на работните обврски.

Да потсетиме, дека тој се повреди во април на дуелот против Брентфод, по што му се најавуваше пауза од 6-8 недели, што беше и загрижувачко за нашата А селекција.

Сега повредата е минато барем според расположението на Џани, со засилени вежби, освен со фудбалската топка, нашиот фудбалер тренираше и малку бокс со цел да се провери неговата физичка сила, а може слободно да се процени дека едвај го чека враќањето на терените.

Во изминатиот период селекторот Игор Ангеловски го објави списокот за наредните два квалификациски натпревари за ЕП 2020 во Скопје против Полска и Австрија, а во кој се наоѓа и нашиот Алиоски.

Покрај враќањето во националниот состав, се очекува воедно Алиоски да им се врати на тренинзите на Лидс во пред-сезоната која што ќе започне во јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот