„Повреда на слободата на говорот“: Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судот да му го врати неговиот налог на Твитер во обидот да издејствува укинување на трајната забрана за користење на оваа социјална платформа.

Трамп (75) вчера поднесе прелиминарна тужба против Интернет гигантот, барајќи брзо враќање на неговиот налог.

Тој тврди дека Твитер го откажал неговиот профил, што имал околу 80 милиони следбеници, поради притисокот на политичките противници.

На Трамп му беше забрането да ја користи страницата на 8 јануари „поради ризик од натамошно поттикнување на насилство”, соопшти тогаш Твитер.

Тој, исто така, беше исклучен од Фејсбук и ЈутЈуб, откако беше обвинет дека во јануари ги поттикнал своите поддржувачи да се соберат и упаднат во Капитол, во Вашингтон. Одлуката дојде по неговите неосновани обвинувања за измама, во време кога ги загуби претседателските избори од Џо Бајден.

Адвокатите на Трамп изјавија дека неговиот налог на Твитер стана „дигитално градско собрание” и важен извор на вести и информации за владините работи.

Меѓутоа, „цензурата и претходните ограничувања на налогот на Трамп на Твитер се вонинституционална повреда на слободата на говорот“, се наведува во барањето до судот.

– Земјата нема да има корист од обидите за ограничување на политичкиот говор. Ќе има уште помала корист од обидите за замолчување на политичките говорници, се додава во барањето на правниот тим на Трамп до судот за ослободување на неговиот налог на Твитер.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот