Повреда на Меси? Еве што велат во Барса! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Многу навивачи се загрижија од „Камп Ноу“ се загрижија на паузата од вчерашниот натпревар против Виљареал во шпанското првенство кога Лео Меси остана во соблекувалната.

Капитенот само што тргна да влегува во полн натпреварувачки ритам, мечот со „жолтата подморница“ беше првиот кој го почна во оваа сезона.

Веќе се направени првите резултати од медицинските прегледи, настрада бутниот мускул од левата нога на аргентинскиот интернационалец.

Не е прецизирано колку ќе паузира, станува збор за истегнување, па во зависност од рехабилитацијата, ќе се дознае точно кога ќе се врати на терените.

Првите најави велат дека ќе го пропушти саботниот меч со Хетафе, а можно е да не биде во составот на Валверде за дуелот од Лигата на шампионите и дербито на колот против Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот