Манчестер јунајтед без Погба против Милан!

twitter.com/Realmadridplace

Францускиот репрезентативец ќе го пропушти контролниот меч против Милан кој ќе се игра денеска во Кардиф.

Официјалната причина за отсуството на Пол Погба е повредата што ја добил за време на тренингот во Осло на почетокот од оваа недела.

Но, според медиумите на Островот, светскиот шампион не заминал со тимот на Велс во последен обид за комплетирање на неговиот трансфер во Реал Мадрид. Првично беше вклучен на списокот за Кардиф, но подоцна се покажа дека тој нема да се качи во авионот.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, навести дека купувањето на Хари Мегваер од Лестер за рекорден трансфер од 85 милиони фунти нема да биде последната зделка на „црвените ѓаволи” за време на летниот преоден рок.

Норвежанецот се надева дека клубот ќе успее да договори уште „еден до двајца играчи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот