Повозрасни сопружници од Тетово ќе одговараат за продажба на дрога, полицијата им најде марихуана

Марихуана/Фото: EPA

Повозрасна брачна двојка од Тетово доби кривична пријава за производство и продажба на дрога, откако охридската полиција во нивниот дом во градот пронајде марихуана и семки од растението.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ.62) и Ѓ.Ѓ.(70), двајцата од Тетово, со живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, пишува во полициското соопштение.

При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници „пронашле и одзеле марихуана и семки од растението канабис“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот