Повозрасен кавадарчанец нападнал полицаец пред кафеана во Карпош

Фото: МИА

65-годишен жител на Кавадарци е уапсен откако вчера нападнал полицаец на паркинг пред кафеана во скопската населба Карпош, соопшти полицијата.

„На 18.12.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Р.С.(65) од Кавадарци, затоа што на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на Карпош физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против кавадарчанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот