Повлекување на силите на Киргистан и Таџикистан од зоната на судири

Бишкек, Киргистан / 5 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO

 Воените и полициските сили на Киргистан и на Таџикистан започнаа со повлекување на своите припадници и воената опрема од зоната на судири долж границата меѓу двете земји, соопшти денеска штабот на пограничните единици на националниот комитет на Киргистан.

Во соопштението се наведува дека ситуацијата долж границата е „стабилна”, без инциденти и спорадични истрели, но се истакнува дека пограничните единици се уште се во состојба на зголемена борбена готовност.

– Немаше оружени дејствија во текот на ноќта. Сепак, локалното население во пограничните области е во приправност, а на патиштата е зајакната контролата, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Киргистан.

Киргистанското Министерство за здравство соопшти претходно дека за време на судирите се убиени 34 државјани на Киргистан, а 139 се повредени, како и дека над 27.000 луѓе се евакуирани од зоната на оружени напади.

Конфликтот меѓу двете земји изби на 28 април во близина на пумпната станица за вода во Головно, која Таџикистан ја смета за своја територија, а Киргистан за спорна територија.

Киргистан ги обвини таџикистанските сили за напад со минофрлачи, пешадиско оружје и борбени хеликоптери Ми-24.

Сепак, на вчерашниот состанок на двете страни беше договорено воената опрема да биде повлечена во касарните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот