Повисока ПЛАТА за кратко здолниште

Руската компанија „Татпроф“, производител на алуминиум, започнала кампања во која вработените припаднички на понежниот пол можат да заработат 1,34 евра повеќе на редовната плата за секој ден во кој на работното место ќе дојдат во кратко здолниште или мини фустан.

За да заработат дополнителни пари, жените мора да задоволат два услова.

Здолништето или фустанот не смеат да бидат подолги од пет сантиметри над колената и мора да пратат фотографија како доказ дека во фирмата стигнале така облечени. Тоа мора да го прават до 30 јуни за да го осигураат бонусот.

Оваа стратегија на руската компанија ги згрозила жените кои на друштвените мрежи ја нарекле сексистичка, а фирмата непрофесионална.

Портаролот на компанијата „Татпроф“ изјавил дека кампањата не е сексистичка и дека веќе 60 жени се вклучиле во неа.

„Сакаме да им ги разубавиме деновите на своите вработени. Нашиот тим се состои од 70 % мажи. Вакви работи ни помагаат да се опуштиме. Тоа е одличен начин да го обедимниме тимот“, навел тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот