Повик за учество во камп за креативен документарен филм „Докуникулци 2019“

Две генерации на „Докуникулци“ се зад нас, па поради тоа годинава ќе се обедини регионот преку соработка со млади креативци од Северна Македонија, Албанија и Србија.

„МакеДокс“, во соработка со Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана, Албанија, и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград, Србија, е во потрага по тазе „Докуникулци“ на возраст од 15 до 18 години кои би сакале да бидат дел од годинашниот камп за креативен документарен филм „Докуникулци 2019“.

Како да се пријавиш?

Сними видео од себе (5 мин. макс.) и одговори на неколку од следниве прашања, користејќи англиски јазик:

  1. Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?
  2. Кога би можел да бидеш животно или растение, кое би бил/а и зошто?
  3. Кое е твоето прво сеќавање?
  4. Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?
  5. Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?
  6. Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?
  7. Што би издвоил/а за себе како важно и откачено?
  8. Како би се чувствувал/а и што би искреирал/а доколку излезеш од својата комфорназона и немаш пристап до интернет седум дена?

Видеото испрати ни го на [email protected] преку WeTransfer. Доколку си во можност, прикачи го видеото на VIMEO или YouTube и заштити го со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката.

Важно: Повикот е отворен до 23 јуни 2019 година, а резултатите ќе бидат објавени до 25 јуни 2019 година. По објавата на резултатите, имате една недела да се спакувате, да го најдете својот валиден пасош и да обезбедите родителска, односно старателска, дозвола за учество доколку сте малолетни.

Филмскиот камп „Докуникулци“ ќе биде дел од Патувачкото кино* на „МакеДокс“ (5-12 јули т.е. 7 дена). За време на активностите во кампот, учесниците ќе добијат увид во знаењата и вештините од областа на документаристиката пренесени од членовите на креативниот тим на „МакеДокс“, професори од Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ и пријатели на „МакеДокс“ од други земји кои се докажани доку-професионалци.

Бараме млади луѓе, доволно храбри да се изразат креативно и слободно, спремни да се впуштат во незаборавна авантура. За време на кампот ќе ги развиваме вашите идеи за документарни филмови. Доколку ни се поклопат ѕвездите, три од вкупниот број на идеи ќе бидат реализирани во текот на следната година.

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето, особено за време на Патувачкото кино*, не е во хотел со пет ѕвездички, туку автентично искуство со тимот на „МакеДокс“, понекогаш и под отворено небо со милион ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот