Повик за онлајн-учество на фестивалот за млади „Џифони Македонија 2020“

Осмото издание ќе се одвива од 25 до 30 септември и предвидува богата програма. Дел од филмските проекции ќе бидат организирани во соодветно адаптирани кино-сали на отворено, со ограничен број седишта, во согласност со протоколите за безбедност.

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ги повикува сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество на осмото издание на филмскиот фестивал за млади, кое ќе се одржи онлајн од 25 до 30 септември.

Темата на „Џифони Македонија 2020“ е „Земја“ (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина (2018 – Вода, 2019 – Воздух), кој се совпаѓа со педесетгодишнината од основањето на матичниот фестивал „Џифони Експириенс“ во Италија.

Најголемиот дел од активностите предвидени за младите учесници ќе бидат емитувани онлајн, со директно вклучување во дискусиите, работилниците и другите онлајн настани.

За таа цел ќе почне со работа новата младинска дигитална платформа, на која ќе се презентира богатата понуда на филмови и други содржините на овогодинешниот фестивал и ќе им се овозможи на учесниците директно да се вклучуваат во работилниците и другите онлајн евенти и да имаат интерактивни средби со гостите.

Прочитајте и...  Бајден: Ако Трамп загуби и одбие да се повлече, ќе има реакција од Американците

На тој начин „Џифони Македонија“ продолжува со традиционалната филмска програма, активности и дружба, притоа водејќи сметка за безбедноста на учесниците, во целосна согласност со препораките за заштита и превенција на Ковид-19. По завршувањето на фестивалот, платформата ќе им биде наменета на младите, за објавување на нивни творби од аудиовизуелните уметности, како и за други содржини наменети на младите љубители на филмот.

Оваа година меѓународното жири ќе биде составено од над 300 ученици од основните и средните училишта од Македонија и од десетина странски држави, кои фестивалот ќе го следат онлајн, со директни вклучувања во дискусии, работилници, мастеркласови и други интересни содржини.
Повикот е наменет за учесници од сите градови во државата, а пријавувањето ќе биде отворено до пополнување на слободните места.

Прочитајте и...  Ивица Коневски: Мицкоски е единствениот одговорен за поразите на ВМРО-ДПМНЕ

Формулар за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) https://tinyurl.com/GiffoniMK20Juniori Формулар за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) https://tinyurl.com/GiffoniMK20. Повикот за учество е објавен на веб-страницата на „Џифони Македонија“ (https://giffoni.mk/?p=3102) и на социјалните мрежи.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје и партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“. Дигиталната младинска платформа на која ќе се одржува онлајн-изданието на фестивалот е развиена со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Прочитај повеќе

Главно жариште на ковид-19 во Европа: Мадрид е првата европска престолнина што повторно оди во карантин

Слободен печат

Пендаровски во говор на 75. сесија на ОН: Постигнавме значаен напредок во учеството на жените во политиката

Слободен печат

Анти-ковид вакцината на „Модерна” нема да биде достапна до претседателските избори во САД

Слободен печат

Заев на 8 октомври на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Слободен печат

Полскиот министер за здравство со предупредување до нацијата: Можна е ескалација на пандемијата

Слободен печат

Рот со порака до Димитров: Ги исполнивте условите, преговорите треба да почнат што побргу

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Црна Гора: Почна новата учебна година под посебни епидемиолошки мерки

Слободен печат

Роденденско изненадување во Берлин: Михаел Рот го пречека Димитров со торта и свеќичка (ВИДЕО)

Слободен печат

Решение на Општина Центар: Рок од три дена за отстранување на челичната конструкција пред гостилницата „Аманет”

Слободен печат

Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите

Весна Тодоровска

ВМРО-ДПМНЕ на мисла да иницира постапка за импичмент на претседателот Пендаровски

Слободен печат

Песков во име на Путин: Тврдењата на Навални се навредливи и неприфатливи

Слободен печат