Повеќето од нас го носат овој вирус во себе: Зошто никој не ми кажа?

Фото: Wikimedia Commons

„Зошто никој не ми кажа за овој вирус“ е честа реакција на родителите кога ќе слушнат дека нивното бебе е заразено со цитомегаловирус или ЦМВ.

Иако повеќе од половина од населението во САД ќе биде заразено со овој вирус до 40-тата година од животот, а болеста е многу честа појава низ целиот свет, мoшне малку луѓе воопшто слушнале за овој вирус, пренесува „Саенс алерт“ (Science Alert).

ЦМВ припаѓа на истата фамилија на вируси како и сипаниците и херпесот и, како и тие вируси, во телото останува целиот живот. Повеќето деца и возрасни чувствуваат многу благи симптоми, по првичната инфекција. Здравиот имунолошки систем обично успева да го држи ЦМВ под контрола, па луѓето најчесто не се разболуваат, а често и не знаат дека вирусот живее во нивниот организам.

Ако постои шанса да се разболите поради заразување со овој вирус на која било возраст, зошто е важно да го разбереме ЦМВ? Лора Гибсон, специјалистка за заразни болести и имунологија, најголемиот дел од својата кариера го поминала обидувајќи се да одговори на тоа прашање. Голема причина за тоа е фактот што ЦМВ, за разлика од другите вируси од таа група, може да преминат од мајката на фетусот во текот на бременоста.

Вродениот ЦМВ е најчестиот тип на инфекција пред раѓањето, како и најголемата заразна причина за вродени маани. Околу едно од 200 новороденчиња се раѓаат со вроден ЦМВ секоја година, а скоро 20 отсто од овие бебиња имаат трајни невроразвојни проблеми како што се церебрална парализа или глувост.

Секоја година се раѓаат повеќе деца со вроден ЦМВ отколку со Даунов синдром или фетален алкохолен синдром. Во споредба со подоцнежните стадиуми од бременоста, заразата со ЦМВ во првото тримесечје носи и најголем ризик од развој на сериозни дефекти во текот на развојот на имунолошкиот систем и органите, но и на мртвороденост.

Стапките на вродени ЦМВ значително се разликуваат меѓу расите, етничките припадности и другите демографски фактори, а ризикот е поголем за црните и децата од мешана раса во споредба со белите деца.

Тестирање за ЦМВ за време на бременоста

Тестирањето за рубеола, ХИВ и сифилис е рутинска практика во пренаталната нега во САД. Сепак, бремените жени не се тестираат за ЦМВ.

Пренаталното тестирање за ЦМВ не е стандардно поради неколку комплицирачки фактори во пристапот. Некои достапни тестови тешко се толкуваат. Тестовите даваат информации за тоа дали родителот има ЦМВ, но не може со доволен квалитет да го предвиди ризикот од пренос на фетусот или тешки симптоми.

Пренаталното тестирање на здрави индивидуи за време на некомплицирана бременост често не дава корисни информации, бидејќи секој може да роди бебе со вроден ЦМВ без разлика дали тестот бил позитивен или негативен за време на бременоста. ЦМВ-тестирањето може да биде корисно за бремени жени кои страдаат од акутни болести како што се продолжена треска или исцрпеност, но и во случаи на проблематични резултати од ултразвук на фетусот.

Тестирање на новороденче

Како и бремените жени, и бебињата се тестираат за многу потенцијално сериозни болести. Постои точен тест за ЦМВ за новороденчиња, а многу студии ја поддржуваат теоријата за придобивките од раната дијагноза. Па зошто не постои универзално ЦМВ тестирање за новороденчиња?

Стандардизирањето на јавното здравствено образование и упатствата за тестирање за присуство на овој вирус може да ја намали стапката на болеста, но и нејзиниот товар врз децата и нивните семејства.

Ширење на свеста, а не зараза

Намалувањето на инциденцата на вродена CMV инфекција е малку веројатно без зголемена свесност за вирусот. Многу луѓе никогаш не ни слушнале за ЦМВ и не се свесни за чекорите што можат да ги преземат за да ги намалат шансите да се заразат за време на бременоста.

Многу возрасни редовно се изложени на еден од најголемите фактори на ризик за ЦМВ инфекција: малите деца кои често поминуваат време во дневен престој со големи групи. Инфекциите како ЦМВ лесно се шират кај децата за време на игра, групни оброци или менување пелени.

Децата може да изгледаат сосема здрави, но ЦМВ може да биде присутен во плунката или урината со недели или дури месеци по инфекцијата. Кога бремената жена ќе дојде во контакт со овие течности, таа исто така може да се зарази.

Едноставните прилагодувања во однесувањето може значително да ги намалат шансите за инфекција. Трудниците не треба да ги бакнуваат децата во уста, да споделуваат храна или прибор за јадење и често да ги мијат рацете.

Едукацијата на јавноста, политичарите и здравствените работници секако ќе ја подобри дијагнозата, превенцијата и третманот на ЦМВ. На овој начин ниту еден родител нема да мора повторно да зажали за тоа што не знаел за овој вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот