Повеќето Германци не ја сакаат повторно Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Мнозинството Германци не би сакале Ангела Меркел повторно да биде канцелар, покажа истражувањето на јавното мислење.

Околу 70 отсто од испитаниците не сакаат враќање на конзервативната политичарка која се повлече по минатогодишните избори, по 16 години како канцелар, покажа репрезентативното онлајн истражување спроведено од Институтот Civey за медиумската групација Функе.

Помалку од една четвртина – околу 23 проценти – би сакале да ја видат Меркел повторно на чело на најголемата европска економија, покажува истражувањето.

Сепак, околу 43 отсто од анкетираните рекле дека мислат дека Меркел ги извршува своите должности подобро од актуелниот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, додека 41 отсто се со спротивен став

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот