Повеќемина убиени во престрелка во Плимут

Британска полиција
Британска полиција. / Фото: Профимедиа

Повеќе лица беа убени во „сериозен и трагичен“ инцидент во градот Плимут во Англија, јави Скај њуз. Како што јавува медиумот, вооружениот напаѓач е убиен.

Инцидентот не се поврзува со тероризам, а полицијата смета дека ги има работите под контрола. Службите за итни интервенции се излезени на терен, а меѓу нив има повеќе амбулантни возила.

Засега нема подетални информации за овој инцидент, освен што двајца британски парламентарци го оценија како „загрижувачки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот