Повеќејазична табла вклучително и на македонски јазик ќе се постави на зградата на Комитетот за национални малцинства во Тирана

По барањето на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, ќе бидe поставена на зградата каде е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана.

„Ова е уште еден успех на нашето друштво и за сите Македонци во Албанија, но и другите малцинства. Комитетот за национални малцинства е владина институција во која членуваат претставници од сите признати национални малцинства. Сега како што сме официјално информирани натписот на институцијата ќе биде повеќејазичен, што значи и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека друштвото на 31 јануари минатата година доставило барање до Комитетот за поставување на повеќејазична табла, а по десетина дена добило позитивен одговор.

– Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа на 25 април годинава испративме реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот, вели Ѓурѓај.

Изразуваме, посочува, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за конечно да биде поставена повеќејазична табла.

Претходно по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот