Повеќе од половина од населението на ЕУ е целосно вакцинирано

Вакцина / Фото: МИА

Повеќе од половина од возрасната популација на Европската унија, односно нешто повеќе од 167 милиони луѓе се целосно вакцинирани против ковид-19, а Хрватска е некаде на дното на скалата, објави Европската комисија.

53 проценти од луѓето биле целосно вакцинирани, а 67,4 проценти или околу 213 милиони ја примиле барем првата доза.

„Ние сме на добар пат да ја постигнеме целта на 70 проценти вакцинирани до крајот на летото“, рече портпаролот на Комисијата Стефан де Кирсмаекер.

Според најновите податоци на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC), 70 проценти од возрасните во повеќе од 10 члена биле вакцинирани со најмалку една доза.

Хрватска е на дното на скалата со 47 проценти од возрасните вакцинирани со единечна доза, а 40,8 се целосно вакцинирани.

Најлоша е Бугарија со 18 проценти вакцинирани со првата доза, Романија со 31,1 процент, Летонија 44 проценти, а Словачка е нешто подобра од Хрватска со 47,2 проценти.

На прво место е Малта со 84 проценти, следена од Холандија со 82,9 проценти, Белгија 82,5 проценти и Данска со 81,6 проценти.

„Ниската стапка на вакцинација е причина за загриженост и треба да сториме се што можеме за да вакцинираме доволно луѓе и сите да ја постигнеме целта за вакцинација од 70 проценти“, рече портпаролот Кирсмаекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот