Повеќе од 70 авиони ги префрлаат руските сили во Казахстан

Немири во Казахстан
Немири во Казахстан / Фото: EPA-EFE/STR

Повеќе од 70 авиони Ил-76 и пет авиони Ан-124 префрлаат единици на рускиот контингент во Казахстан во рамките на силите на ОДКБ, изјави претставникот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Воздушната група формирана од Министерството за одбрана на Русија 24 часа на ден префрла единици на рускиот контингент на мировните сили на ОДКК во Казахстан, изјави Конашенков, пренесува РИА Новости.

Во исто време, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските мировни сили им помогнале на безбедносните сили на Казахстан да преземат целосна контрола над аеродромот во Алмати. Претходно беше најавено дека руските мировници ќе ги чуваат владините згради и ќе и помагаат на казахстанската армија да го одржува редот.

Руските воени сили постојано летаат кон Казахстан и го контролираат аеродромот во најголемиот град Алмати, заедно со казахстанските сили, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Аеродромот беше окупиран од група демонстранти пред два дена, но репортерот на Ројтерс на лице место рече дека тие биле потиснати од казахстанските сили.

Русија почна да испраќа падобранци по барање на казахстанскиот претседател за да помогнат во смирувањето на големите протести.

Видео на денот