Повеќе од 7.000 цивили загинале во војната во Украина, реалната бројка е „значително поголема”

Фото: Твитер

Повеќе од 7.000 цивили загинале во Украина од почетокот на војната минатиот февруари, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Во соопштението се посочува дека повеќето регистрирани цивилни жртви настрадале при употребата на експлозивно оружје способно да зафати широка област, вклучувајќи тешко артилериско гранатирање, повеќе ракетни системи и воздушни напади.

Канцеларијата за права на ОН соопшти дека потврдила 7.031 цивилна смрт, но верува дека реалниот број на жртви е „значително поголем” со оглед на потребата да се потврдат многу извештаи и да се пристапи до областите на интензивни борби.

Повеќето од регистрираните цивилни смртни случаи се случиле во областите под контрола на Владата во Украина – 6.536 споредено со 495 регистрирани во областите контролирани од руските сили. Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права не припиша одговорност за смртните случаи.

Украина вели дека бројот на убиени цивили може да достигне десетици илјади. Двете страни негираат дека целеле цивили. рп/

2023-01-17 11:04:40, од Рена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот