Повеќе од 230 милиони луѓе во светот се заразени со ковид-19

Ковид состојбас во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Според податоците од веб – страницата на Ворлдметер (Worldometer), заклучно со 24 септември, бројот на случаи со вирусот ковид-19 достигна 230 985 679.

Соединетите Американски Држави имаат најголем број случаи на инфекција со коронавирус – 43 404 877.

Следуваат Индија (33 милиони 563 илјади 421), Бразил (21 милион 283 илјади 567), Велика Британија (7 милиони 530 илјади 103) Русија (7 милиони 354 илјади 995), Франција (6 милиони 971 илјади 493), Турција (6 милиони 932 илјади 453), Иран (5 милиони 493 илјади 591) и Аргентина (5 милиони 245 илјади 265).

Од компликации од вирусот починале 4 734 917 луѓе ширум светот.

Во моментов, 18 557 157 луѓе се лекуваат од ковид-19.

Извор: МИА

Ставот за трета доза вакцина против ковид-19 ЕМА ќе го објави следната недела

Видео на денот