Повеќе нема пречки, саудискиот принц доаѓа во Премиер лигата

Мохамед бин Салман сега сака да купи уште еден фудбалски клуб, италијанскиот шампион Интер/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Англискиот премиерлигаш наскоро конечно може да добие нов сопственик, и тоа каков.

Минатото лето британската влада и Премиер лигата не дозволија Њукасл да биде купен од саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман иако се беше договорено со Мајк Ешли.

Денеска конечно е отстранет проблемот кој го стопираше преземањето на Њукасл од саудискиот прин, а тоа е спорот помеѓу Англија и Саудиска Арабија околу илегалното емитување на натпреварите од Премиер лигата.

„Дејли Мејл“ пишува дека сега овој проблем е решен така што е потпишан договор со Беин Спортс за преносите од Премиер лигата.

Саудискиот принц Мохамед бин Салман сега не би имал проблеми да го купи Њукасл од Мајк Ешли за сума од околу 300 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот