Повеќе десетици Иранци протестираа во Техеран поради недостиг на вода

Повеќе десетици Иранци денеска протестираа во Техеран во рамките на немирите поради недостигот на вода во југозападниот дел на земјата.

Демонстрантите, кои маршираа по авенијата Јомхури Ислами, ја повикаа полицијата да се приклучи на протестот. Протестот помина мирно и не дојде до немири.

Полудржавната новинска агенција Фарс јави дека се одржале демонстрации и ги обвини демонстрантите за прекинот на електричната енергија во блискиот трговски центар.

Немирите поради недостигот на вода со денови траат во провинцијата Кузестан, која е богата со нафта, и во која живеат претежно етнички Арапи кои ја обвинуваат иранската шиитска теократија за дискриминација.

Скоро пет милиони жители на Кузестан немаат пристап до чиста вода за пиење, тврдат ирански активисти за човекови права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот