Повеќето вработени Италијанци се враќаат на работа, училиштата и градинките остануваат затворени

Во кафуле во Рим се тестира нови разделувачи од плексиглас за раздвојување на гостите, согласно новите мерки во Италија/ Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Околу 67 отсто вработени родители сметаат дека ангажирањето на бебиситерки е единствено можно решение, а дури 91 отсто оценуваат дека владините мерки за поддршка не се доволни.

Повеќето вработени родители во Италија ќе се вратат на работните места од 4. мај, кога се очекува попуштање на рестриктивните мерки во таа земја против коронавирусот и покренување на деловни активноти, меѓутоа училиштата и градинките остануваат затворени барем до септември.

Околу 67 отсто вработени родители сметаат дека ангажирањето на бебиситерки е единствено можно решение, а дури 91 отсто оценуваат дека владините мерки за поддршка не се доволни и сметаат дека бонусот за бебиситерки не покрива ниту четвртина од трошоците, покажа истражувањето на интернациналната агенција специјализирана за чување деца Јупиз (Yoopies).

Од 4. мај се очекува дека од 53 отсто домаќинствата, двајца родители мора да бидат на работно место, додека претшколските установи и училиштата остануваат затворени.

Многу родители истакнуваат дека паричната помош од 600 евра за периодот од март до септември, кога училиштата повторно треба да бидат отворени, покрива само еден месец од трошоците за бебиситерки кои би требало да ги чуваат децата пет дена во неделата во наредните 5 месеци.

Околу 2,7 милиони граѓани на Италија ќе се вратат на работните места според нацрт планот на италијанската влада за постепено покренување на економијата во земјата, во која мерките за општ карантин ќе бидат на сила до 3. мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот