Повеќето новозаболени во Словенија се увезени случаи на Ковид-19 од Хрватска

Болница во Словенија/Фото: EPA

Според словенечките власти дури 27 од последните 33 случаи биле увезени од Хрватска. 

Претседателката на Кризниот штаб на словенечката Влада за борба против коронавирусот, Бојана Беовиќ, изјави денеска дека доколку продолжи трендот на увоз на вирусот од Хрватска, тоа тело ќе и предложи на Владата поригорозни мерки за патниците од таа земја.

На денешната прес конференција таа потенцираше дека има најголем број од новите случаи пријавиле претходен престој во Хрватска, пренесува СТА.

– Ако ова продолжи, ние може да влеземе во есенската сезона со проблеми поврзани со дружење во училиштата и работните места. Може да се појават жаришта на инфекции, вели Бевиќ.

Словенечката докторка Марта Гргиќ Витек од Институтот за јавно здравје рече дека увезените случаи на коронавирус минатата недела предизвикале локални трансмисии, како и дека 27 од последните 33 случаи биле увезени од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот