Повеќето Американци можат да бидат вакцинирани против коронавирусот до јули следната година

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, изјави дека повеќето Американци можат да бидат вакцинирани против коронавирус најдоцна до јули 2021 година.

Обраќајќи се пред Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот на САД, Редфилд рече дека очекува вакцинациите против Ковид-19 да се изведуваат со месеци, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека очекува на крајот од март или април да бидат достапни околу 700 милиони дози од вакцината, што според него е доволно за да се вакцинираат 350 милиони луѓе.

-Мислам дека ќе ни треба време до април, мај, јуни и евентуално јули за целосно да ги вакцинираме сите американски граѓани, рече Редфилд.

Се уште нема вакцина против коронавирусот, но неколку можни се во завршна фаза на тестирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот