Повеќе привилегии со новата Visa Gold кредитна картичка од Халкбанк

Кога се користат одговорно, кредитните картички можат да бидат клучни при справување со итни случаи, непланирани трошоци, да бидат од корист при патувања или престој во странство и, во зависност од видот и банката од каде се издадени, да донесат голем број предности и привилегии.

За оние кои се редовни корисници на овој тип  картички, покрај имањето дополнителни расположливи  средства, важно да се истакне за кредитните картички е и користењето на бенефитите кои тие ги носат. Некои од предностите и привилегиите доаѓаат во форма на поврат на средства, плаќање на рати, или, пак, попусти при купување, програми за собирање поени, поволни кредитни лимити и каматни стапки.

Халкбанк, покрај останатите кредитни картички, од неодамна во своето портфолио ја воведе новата Visa Gold кредитна картичка. Новата Visa Gold овозможува кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на корисникот, а нуди можност за месечна минимална отплата на само 3% од искористениот лимит и има најниска каматна стапка за овој вид картички од само 7,5%. Картичката е достапна за сите физички лица со редовни месечни примања кои ја примаат својата плата или пензија во Халкбанк АД Скопје, како и лица кои ќе ја обезбедат картичката со депозит. Дополнително, за добивање на картичката нема потреба од жиранти, нема административна забрана од плата и не се плаќаат трошоци за одобрување.

Новата Visa Gold нуди и голем број привилегии меѓу кои можност за  вадење готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје, собирање бонус поени со секоја трансакција, и плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката. Како најголема дополнителна вредност која ја носи Visa Gold картичката е полисата за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 денари, која важи во периодот на рокот на отплата на Visa Gold картичката. Трошокот за полиса го покрива банката и со тоа воопшто не се задолжува корисникот на кредитната картичка. Полисата се обновува секоја година и важи секаде и во секое време т.е. има неограничено територијално и временско покритие.

Кредитните картички исто така можат да бидат корисни во ситуации кога на одредени места не можете да платите со дебитни картички. Ова вообичаено се случува при плаќање за хотелско сместување или пак rent-a-car услуги. Кредитната картичка може да биде корисна како за пост-пандемиското шетање (кое сите се надеваме дека набрзо ќе дојде), така и за оние лица кои поради својата работа мораат да патуваат и во време на пандемија. Visa Gold картичката на Халк нуди 4% поврат при плаќање на booking.com и посебни цени и предности при патување во хотелите од Visa luxury групата.

Бидејќи можеби ги немате секогаш потребните средства на вашата банковна сметка, кредитните картички ја зголемуваат вашата куповна моќ, обезбедувајќи ги потребните средства кога ви се потребни. За новата Visa Gold  кредитна картичка на Халкбанк можете да аплицирате веднаш во најблиската филијала/експозитура на Халкбанк А.Д. Скопје со пополнување на следната апликација или преку online апликацијата.


Комерцијален ПР текст

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот