Повеќе од три чаши млеко на ден, не е препорачливо

Unsplash
Unsplash

Млекото има важна улога во детската исхрана, без разлика дали станува збор за бебе што пие млеко, мало дете што го сака млекото во своите житарки или тинејџер што го пие во омиленото смути.

Кравјото млеко е најпознато по својот широк спектар витамини, минерали и други хранливи својства, кои им се потребни на децата во раст и развој. Освен него, денес на децата им се на располагање и други видови млеко, растително и тоа од ориз, бадеми, соја, кокос, овес и слично, како и козјо млеко.

Исхрана со млеко

Кравјото млеко содржи протеини, калциум, калиум и витамин Б, а за деца е збогатено и со витамин Д, кој се додава при преработката. Витаминот А се додава во млеко кое е обезмастено или со низок процент масти. За малите деца се препорачуваат до две чаши млеко на ден, а за поголемите и до три. Повеќе од три чаши не се препорачуваат затоа што може да доведе до проблеми со исхрана и го изложуваат детето на ризик од анемија и други нерамнотежи. Ако децата се нетолерантни на лактоза или родителите се вегани, овие материи тие ги надоместуваат со избалансирана исхрана богата со нив. Освен свежо млеко што се пие или додава во јадења, децата можат да јадат и млечни преработки како кисело млеко, кефир, сирење и сл.

Немлечни алтернативи

За децата што не сакаат кравјо млеко или од која било причина не можат да го консумираат, постојат соодветни замени од растителни млека како оризово, бадемово, соино и сл., а кога избирате, изберете варијанта која е збогатена со калциум и витамин Д. Притоа треба да му обезбедите на детето друга храна која е богата со протеини, витамини А, Б12, Д калиум, калциум и друго за да не дојде до нивен недостиг.

Нетолерантност на лактоза и алергија на млеко

Ако детето има алергија на млеко, тоа е алергично на млечните протеини и не треба да го пие ниту да консумира млечни преработки. Овие деца развиваат симптоми како повраќање, дијареја, дури и анафилакса. За нив се препорачува стриктно избегнување на млекото и неговите преработки, а за исхрана се користат немлечни замени, кои ќе им ги обезбедат потребните дози од калциум и витамин Д. Некогаш се случува детето со текот на годините да ја надмине алергијата на млеко.
Почесто од алергијата на млеко е нетолерантноста на лактоза, при што кај децата се појавуваат гасови, дијареја, стомачна болка, гадење и надувување на стомакот. Причината за ова е недоволно присуство на ензими за преработка и апсорбција на лактозата. Овие деца можат да консумираат некои млечни преработки бидејќи во нив има помал процент лактоза, но не можат да пијат млеко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот